Се урна авион во Литванија, паднал врз куќа

0
304

Товарен авион на DHL се урна во близина на аеродромот во Вилнус, во областа Липкалнис, јавија литванските медиуми. Според официјалните информации, пилотот – кој се освестил – бил извлечен од урнатините и предаден на медицинскиот персонал. Претставник на Одделот за противпожарна заштита и спасување (ПАГД) за ЛРТ РАДИО изјави дека најмалку едно лице загинало, а неколку се повредени.

Според информациите, товарниот авион летал од Лајпциг, а се урнал непосредно пред слетувањето, и паднал врз куќа.

Претставникот на аеродромот Мариус Зелениус за ЛРТ РАДИО изјави дека на местото на несреќата работат голем број спасувачки екипи. Според него, авионот од Лајпциг се урнал околу 5:30 часот по литванско време во Липкалнис.