Мицкоски: Не би шпекулирал каде е Груби, но не е чист како солза

0
321
Foto: Sloboden pecat

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да шпекулира каде се наоѓа поранешниот прв вицепремиер Артан Груби од ДУИ по кого е распишана меѓународна потерница како еден од осомничените во истрага за Државна лотарија.

„Различни се информациите, не би шпекулирал дали е во Албанија или Косово. Факт е дека не бил чист како солза бидејќи ако бил, немало потреба да биде бегалец од правдата – ќе дојде тука и ќе ја брани својата невиност“, рече Мицкоски пред новинарите во Гевгелија на 22 декември, каде присуствуваше на поставување камен темелник за изградба на трговски центар.