МАКЕДОНЦИ КОИ СПАСУВАА ЖИВОТИ ВО МАГДЕБУРГ

0
239

Медиумите од регионот со пофални зборови пишуваат за Македонците Златко и Владимир, кои ги лекуваа повредените во крвавиот божиќен напад во Магдебург.

Српски Курир со насловот Златко и Владимир ги спасија повредените во нападот!Амбасадата проговори за 2 херои од Магдебург: „Горди сме!“ , пишува за Македонците кои први ускокнале на помош на повредените.

„Македонската амбасада во Германија соопшти дека двајца македонски лекари Златко Станковски и Владимир Митевски, вработени во болницата во Магдебург, придонеле за лекување на жртвите од крвавиот напад на божиќниот базар во овој германски град.

– Горди сме на д-р Златко Станковски и д-р Владимир Митевски. Златко е прилепчанец, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата Магдебург. Тие синоќа придонеле за спасување и лекување на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди на нашата дијаспора – објави Амбасадата на Северна Македонија во Германија на својот Фејсбук профил“ пишува Курир.