Саубермахер Тетово, компанија која управува со комуналниот отпад во Тетово, со повик до граѓаните за Новогодишните празници, да се празнува достојно и да не се отежнува работата на комуналните работници. Да не се паркират возила пред контејнерите, како и да не се расфрлува и остава отпадот надвор од контејнерите на тој начин да се отежнува работата на вработените кои го собираат комуналниот отпад од градот.
Дополнително се апелира во контејнерите за комунален отпад да не се депонира градежен шут, расипани електрични апарати и како и делови од мебел, метални производи итн., со потсетување дека тој вид отпад може да однесе и бесплатно да се депонира во ново отворениот Собирен Центар за кабаст отпад кој се наоѓа на патот од Тетово кон Требош, со приложување на платени сметки за комунален отпад. Центарот за собирање на отпад работи од понеделник до сабота од 8 до 16 часот.
Да се грижиме за животната средина денес, за иднината на нашите деца!
За да се избегнат дополнителни трошоци при постапките за присилна наплата и присилно извршување, се повикуваат сите корисници да го исплатат заостанатиот долг. Доколку корисниците сеуште се соочуваат со несоодветни податоци во издадената сметка, p да се обратат до компанијата Саубермахер Тетово во просториите во Долно Палчиште, во новата канцеларија на улица Дервиш Цара (раскрсница со ул. Илинденска) во Тетово, во привремениот шалтер во просториите на општината, како и платежен пункт во просториите на ЈКП „Тетово“ кај Зелен пазар или да не контактират електронски преку е-пошта [email protected].
„Исто така упатуваме апел до иселениците кои се враќаат во својот роден крај за време на празниците, да се регистрираат, да пријават и да коригираат податоци, а доколку е потребно да пријават и каква било нејаснотија. Потребните документи за регистрација на иселениците за кои комуналната сметка за собирање и транспорт на отпад е намалена за 50%, поради тоа што не се резиденти, и истото се докажува со личен документ за привремена адреса во странство, сметки од струја, како и имотен лист за станбениот или деловниот објект“ велат од Саубермахер.
За олеснување на процесот на плаќање како и преглед на сите податоци и издадени фактури, корисниците можат да се регистрираат на веб порталот на „www.saubermacher-tetovo.mk“, информираат од Саубермахер.









