Автомобил „Тесла“ експлодирал пред хотелот на Трамп во Лас Вегас

0
262

Автомобил од марката „Тесла“ експлодирал пред хотелот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во Лас Вегас. Како што пренесуваат американските медиуми, полицијата брзо реагирала и го затворила булеварот лоциран во центарот на Лас Вегас. На местото на настанот излегле и бројни противпожарни единици

Официјални лица од полиција во Лас Вегас и противпожарната служба на округот Кларк на прес-конференција соопштија дека едно лице загинало во возилото и дека работеле на извлекување на телото.

 

https://x.com/nicksortor/status/1874545024236433434

Други седум лица кои биле во близина се здобиле со полесни повреди и се пренесени на лекување во болница.

Не е наведена причината за пожарот, ниту пак има детали.