Се обидел да го прегази со возило, па му се заканувал

0
371

Полициски службеници од СВР Охрид вчера од слобода лишиле 61-годишен жител на Охрид. Тој, претходно, на локален пат во селото Велмеј, општина Дебрца, со своето патничко возило се обидел да удри во 55-годишен жител од истото село, по што му се заканувал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.