ЈСП ГИ ДИСКРИМИНИРАЛ РОМИТЕ ВО ШУТО ОРИЗАРИ УТВРДИЛ ДКСК

0
252

Еден спиел, друг не им застанувал на станица за да се качат. Возачите ги игнорирале и кршеле основните права, а Јавното сообраќајно претпријатие ги дискиминирало Ромите во Шуто Оризари поради етничка припадност и боја на кожата. Комисијата за заштита и спречување од дискриминација по доставена претставка, утврдила дека на автобуските линии кои ја поврзуваат општината Шуто Оризари со Центар и Карпош, се случиле сериозни неправди.

Возач на автобус со број 20 бил забележан како спие на последната постојка во Шуто Оризари, додека патниците чекале да се качат. На линијата број 19, возачите ги одминувале патниците на постојката кај главната Пошта, особено во попладневните часови кога се враќале од работа.