Празнувајте го со радост Божиќ – раѓањето на Спасителот Исус Христос

0
261

Најрадосниот и најсветлиот празник од сите празници е раѓањето на Спасителот Исус Христос – Божиќ. Денот на Христовото раѓање според христијанската традиција е втор најголем празник во христијанството, веднаш по Велигден.

Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар, го прославуваат Божиќ на 7 јануари.

Со вечерата на Бадник, денот пред Божиќ завршуваат предбожиќните пости.

Инаку, овој празник се празнува три дена. Првиот ден од овој празник се слави на 7 јануари кога сите црковни ѕвона ја објавуваат радосната вест.

Според Библијата, раѓањето на Богомладенецот го најавила ѕвездата од Витлеем која се појавила на небото и донела тројца мудреци на местото каде се родил Исус Христос, а научниците сè уште се обидуваат да откријат дали таа навистина постоела и што всушност била таа.

Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот – начелото на идниот век.

Вториот ден од Божиќ, е ден кога христијанската црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, родителка на Господ и спасителот Исус Христос.

Ова празнување се нарекува нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верници за да ја прослават неа, која е Богородица.