Мицкоски за Дранго – „итно ќе биде разрешен ако се докаже дека ја застрелал мечката

0
277

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше категоричен во врска со инцидентот со застреланата мечка, во кој се поврзува заменик-директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго. Тој најави дека, доколку се докажат овие наводи, ќе следи негово итно разрешување од функцијата.

-Доколку се потврдат овие тврдења, ќе барам одговорност и ќе биде под итно разрешен. Таквите девијантни однесувања доколку се потврдат, јас ниту ги оправдувам, ниту имам намера да ги амнестирам, – истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по божиќната литургија во Соборниот храм во Скопје.

Информацијата првично ја објави невладината организација „Анима Мунди“, која посочи дека Дранго, истовремено и претседател на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар, се фотографирал со мечка носејќи пушка со снајперски нишан. Според нив, мечката, која е под строга заштита како дивеч, била застрелана во декември 2024 година.

Од организацијата истакнаа дека ловот, прогонувањето или вознемирувањето на мечките е строго забрането и за тоа се предвидени затворски казни. „Анима Мунди“ најави поднесување кривична пријава против Дранго и побара негово разрешување