Деветгодишно дете почина на клиниката за детски болести – Било донесено од штипската болница во многу тешка состојба

0
300

Завчера во ноќните часови на Клиниката за детски болести почина 9 годишно дете.  Момчето на одделот за интензивна го интубирале бидејќи имало застој во дишењето, било дехидрирано, со многу ниска сатурација а како што велат од клиниката, резултатите од лабораториските анализи покажале животозагрозувачки ниски параметри. Обидите за реанимација биле неуспешни и неполни два часа по приемот дежурните лекари констатирале смрт.Во Скопје било донесено со возило на Брза помош и лекарска придружба од штипската болница каде првично е побарана помош. За време на транспортот постојано имало течни столици и сомнежите се за евентуална цревна инфекција.

– Детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот истиот ден детето е транспортирано до УК ДБ-Скопје, велат од штипската болница.

Од Клиниката за детски болести им кажале на родителите за обдукција на телото, меѓутоа тие одбиле. Надзор за целиот тек на лекувањето на детето ќе прави и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

– По мој налог ние ќе направиме надзор кај матичниот лекар, во штипската болница каде првично било примено и на УК за детски болести, вели Кирил Лазов директор на ДСЗИ.

Починатото деветгодишно дете е од светиниколскиот регион.

 

Извор Сител тв