Познатиот ликовен уметник од Прилеп, Златко Крстевски, последниве седум месеци живее без струја бидејќи не може да го плати долгот од 12.000 денари. Студот и зимата ги поминува седејќи дома облечен со капи и јакни, покриен со ќебиња, јавува порталот „Инфо компас“.
Во домот дел од прозорците немаат стакла, а тој нема пари да ги смени. Често се случува и со денови да нема за јадење. Во овие екстремно тешки услови живее 55-годишниот Крстевски, кој е еден од најрепрезентативните прилепски уметници, вистински културен амбасадор на градот, со 30 самостојни изложби во Македонија и странство и учество на над 700 меѓународни групни изложби.
„За жал, кај нас нема никакви хуманитарни организации, треба да бараш од Скопје, да ургираш, па овде некој да ти даде“, вели Крстевски.
Тој ја повикува државата, општествено одговорните, јавни или приватни претпријатија и компании преку ангажирање на уметниците и откуп на нивните дела да ја помогнат уметноста кај нас









