Во САД застрелани седум полицајци, се обидувале да спречат самоубиство

0
358

Седум полицајци биле застрелани додека се обидувале да спречат „обид за самоубиство“, а осомничениот за престрелката по пукањето бил пронајден мртов во неговиот стан

Полицајците како што пишуваат светските медиуми биле застрелани откако се одзвале на повик од населбата Стоун Оук, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Бил Мекманус, рано во четвртокот. По неколку часа, осомничениот бил мртов, но веднаш не се знаело како починал, рече Мекманус.

Тој го опиша осомничениот како маж на 40-годишна возраст и рече дека првичниот повик до полиција бил од член на семејството.

Претходно, Мекманус изјави дека четворица полицајци се ранети и се верува дека ниту една од повредените не е во животна опасност.