ХРВАТИТЕ ГИ БОЈКОТИРААТ МАРКЕТИТИЕ ПОРАДИ ПРЕВИСОКИТЕ ЦЕНИ

0
626

Во Хрватска започна најавениот бојкот на продавници, трговски синџири и бензински пумпи поради постојаното зголемување на цените. Иницијативата потекнува од Фејсбук-групата „Ало, инспекторе“ и е поддржана од здруженија за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, па дури и од министерот за економија.

Граѓаните се повикуваат да не купуваат ништо во текот на денешниот ден, како протест против високите цени на храната. Во Хрватска инфлацијата продолжува да расте, а државата е меѓу трите земји на ЕУ со највисока инфлација.

Министерката за економија ја поддржа иницијативата, но опозицијата критикува дека Владата не презела доволно мерки за нејзино контролирање. Економистите пак, сметаат дека ваквите акции нема да имаат големо влијание.