Во тој период, фирмата го снабдила Фондот со 171 од овие помагала, за кои наплатила сума во вредност од 8 703 558 денари или 140 илјади евра, со што е оштетен буџетот на оваа установа
Поднесена е кривична пријава против И.Т., како управителка на правниот субјект „Бауер фајнд“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и против правниот субјект бидејќи со лажна нотарска изјава склучила тригодишен договор со Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), со што го оштетила буџетот на институцијата за околу 140 илјади евра, информираат од Управата за финансиска полиција.
Пријавената управителка дала лажна изјава на нотар со која потврдила дека ортопедското помагало кое го набавува и фактурира кон Фондот со назив „Ортоза за колк со зглоб“ е соодветно и одговара на помагалото „Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб“, иако била свесна дека таквото помагало не одговара на медицинските индикации и дијагнози утврдени во списокот на ортопедски помагала за кои е потребна потврда од лекар специјалист.
На овој начин, како што велат од Финансиската полиција, таа го измамила и го довела во заблуда Фондот да склучи договор за набавка и испорака на несоодветни ортопедски помагала со назив „Ортоза за колк со зглоб“ во период од 1.1.2014 до 31.12.2016 година.
Во тој период фирмата го снабдила Фондот со 171 од овие помагала, за кои наплатила сума во вредност од 8 703 558 денари или 140 илјади евра, со што е оштетен буџетот на оваа установа.









