Ќе полнеше 44 години, денес е роденденот на Тоше

0
243

Македонија се сеќава – денес е роденденот на нашиот единствен, никогаш непреболен Тоше! Среќни што го имавме, иако кратко на овој свет, тажни што не е денес меѓу нас да слави роденден!

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески – музичар, миленик на бројни генерации. Музичката кариера ја започнал со настапот на „Мелфест“ во 1997 година.

Нема девојче тие години кое не сонуваше за неговите убави очи. Нема човек што не ги пееше неговите песни. Немаше такви кои не го сакаа, ниту онакви кои не пуштија солза кога почина. Немаше некој кој не се восхитуваше на неговата големина, хуманост и добрина