ОПШТИНА ЦЕНТАР ТОНЕ ВО ОТПАД, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМОВСКИ БАРА СЛУЖБИТЕ НА АРСОВСКА ШТО ПОСКОРО ДА ГО ОСТРАНАТ СМЕТОТ

0
308

градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, утрово со реакција откако Општина Центар остана преплавена од ѓубре. Ја повика градоначалничката Данела Арсовска да си ја заврши работата бидејќи како што вели чистењето на Ѓубрето е под надлежност на Град Скопје.

„Барам итно денеска градот Скопје да си ја заврши својата работа и да го исчисти ѓубрето во Центар. Недозволиво е во центарот да Скопје, на јавните површини да се акумулира ѓубре коешто не само што го загрозува здравјето на граѓаните, туку ја нарушува и животната средина. Апелирам до Арсовска и градската администрација веднаш да се фатат за работа и да ги исчистат улиците во Центар за кои самите се надлежни! Неопходно е веднаш да се интервенира и да се осигура чистотата на улиците“, се вели во реакцијата на Герасимовски.