Вршителката на должност директорка на болницата „Козле“ со барање до медиумите да не ѝ го споменуваат името, презимето и професионалниот ангажман. Во спротивно, најавува постапка и преземање на законски мерки.

Изјавата, потпишана од неа и со печат од институција со која раководи, ја пренесуваме во целост:
На ова нејзино барање, новинарските здруженија (ССНМ и ЗНМ) во земјава со остра реакција. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја осудува објавата на в.д. директорката на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, д-р Каролина Симоновска во која таа забранува користењето на нејзиното име во медиумите и преуредува дека во неа има многу елементи на закана кон новинарите и медиумите.
„ССНМ ја потсетува д-р Симоновска дека јавната функција за која е избрана е предмет на опсервација на новинарите и медиумите, и дека со самото тоа што прифатила да извршува јавна должност, прифатила и нејзината работа да биде под лупа на јавноста. Во исто време ниту таа, ниту кој и да е избран и именуван функционер не може да забрани споменување на нивното име кога се работи за извршување на нивните функции, платени од парите на граѓаните“, реагираат од ССНМ.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници го толкува случајот како конкретна закана и попречување на работата на новинарите и притисок врз независноста на медиумите, а избраните и именувани директори, па и државните органи кои ги поставуваат, ги потсетува дека ова е начин за наметнување цензура, а со неа се нарушува демократскиот амбиент во државата и се врши пресија врз колегите со несогледливи последици.









