Верижна сообраќајка на „Илинденска“, автомобили се судриле и на „Партизанска“

0
356

Четири автомобили вечерва учествуваа во верижен судир на улица „Илинденска“ во центарот на Скопје, објави порталот „24 инфо“ наведувајќи дека три возила имале посериозна штета.

Сообраќајката се случила околу 17 часот и 40 минути на делот од булеварот меѓу Владата кон фонтаната во Градскиот парк. Од МВР соопштија дека двајца се повредени во судирот.

Нешто подоцна, две коли се судриле и на булеварот „Партизански Одреди“ спроти Лептокарија, пишува „4news.mk“.

Двете возила се сериозно оштетени. Засега нема информации за евентуални повредени во двете несреќи.