„Во случај на итна кршина чаша“: На кој јазик се упаствата новите автобуси на ЈСП Скопје

0
284

Новите еко-автобуси во скопскиот јавен превоз, донирани од ЕУ, а произведени во Турција, по двомесечен застој денеска се вклучија во сообраќајот. Но, и 65-те денови во кои се чекаше да тргнат низ скопските улици, не биле доволни некој во ЈСП да забележи што всушност пишува на упатството за итни случаи, кое треба да ја наведува стандардната порака да се скрши стаклото во случај на опасност, објави СП.

Пораките на англиски и на албански јазик се напишани коректно, а само онаа на македонски јазик е згрешена, и тоа на повеќе нивоа. Се чини дека таа е резултат на грешка во апликација за автоматски превод, како „Гугл транслејт“.

„Во случај на итна кршина чаша“, пишува во „шифрираното“ упатство, прилично тешко за разбирање „на прва“.