Санторини се празни над 11000 луѓе го напуштија островот

0
640

На денешната средба меѓу грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и кризниот штаб повторно ќе се разговара за тоа какви мерки ќе бидат преземени во следните денови
Нови земјотреси повторно го потресоа грчкиот остров во Егејското море, Санторини. Во текот на ноќта во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос се регистрирани низа земјотреси, од кои четири се со јачина над четири степени според Рихтеровата скала, пишуваат грчките медиуми.

Рано утрово, два земјотреси со јачина од 4,0 и 4,3 степени според Рихтеровата скала во рок од пет минути ги погодија Санторини и Аморгос. Првиот земјотрес е регистриран во 4 часот и 16 минути по локално време со епицентар на 18 километри од Аркесинина на Аморгос, а вториот е регистриран во 4 часот и 21 минути во областа Санторини.

Досега островот го напуштиле над 11 илјади лица. Ферибродите пристигнуваат повеќе пати во текот на денот, а се полнат многу брзо. Авионите од Санторини до Атина, пак, летаат и по десет пати дневно