Насилство во Тетово: Се тепале браќа, маж и жена, нервозни возачи и вработен на паркинг

0
506

Тетовската полиција соопшти дека поднела кривични пријави против четворица жители на градот, поради насилство. Во трите случаи, нападнати биле жена (од нејзиниот сопруг), маж (натепан од неговиот брат) и вработен во општинското претпријатие за паркинзи (од татко и син), велат од СВР Тетово.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.(54) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11.11.2024 во Тетово, пријавениот физички го нападнал неговиот брат, при што употребил тврд предмет“, велат од полицијата за првиот случај.

Кривична пријава добија и таткото и синот Ф.А.(51) и Ќ.А.(22), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. „На 17.12.2024 во Тетово, по претходно недоразбирање околу наплата, пријавените физички нападнале вработен во Јавното претпријатие „Градски паркинг“, пишува во полицискиот билтен.

Во третиот случај, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.А.(51) од градот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство. На 03.01.2025, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел повреди, велат од полицијата.