Сестрата на Фросина по пресот на родителите на Васил: „Дното стварно имало подрум“

0
298

Сестрата на трагичното загинатата Фросина Кулакова, Росица, се огласи на социјалните мрежи по прес-конференција на родителите на возачот Васил Јованов. Росица упати порака до Ана и Зоран Јованови, наведувајќи дека „не му помогнале на своето дете да го пронајде вистинскиот пат“.

-Не сте преземале никаква одговорност како родитители, па уште и се нудите да ни помогнете! Вие не сте успеале да му помогнете на сопственото дете да го пронајде вистинскиот пат, а сега нам ни нудите помош за да ги исправите последиците од вашата претходна негрижа. Мизерија. Ајде тоа, туку се осмелувате и да го негирате оправданиот револт на целата јавност. Дното стварно имало подрум. Знаеме дека вам не ви одговара да профункционираат правосудството и сите останати институции, стои во реакцијата на Росица.

Родителите на Васил во
вчера категорично негираа дека му го дале возилото на своето дете.

-Мислам дека само тој што има дете, би требало да може за миг да се стави во нашата кожа и да претпостави колку е страшно и болно и каков товар е тоа. Секој ден се молиме на Бога за семејството на Фросина да ја издржи оваа загуба, рече меѓу другото мајката Ана, додавајќи дека како родители веќе изгубиле едно дете кое починало по 23 часа од нејзиното породување.