Таткото на Фросина до родителите на Васил: „Изразувате сочувство по 9 дена, немате вистинско каење, создадовте убиец

0
273

По вчерашната прес-конференција на која родителите на возачот Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова изјазија сочувство за загубата, со реакција се јави Тодор Кулаков, таткото на починатата девојка. Тој им порача на родителите на Јованов дека никогаш немале вистинско каење бидејќи сочувство испраќаат дури по 9 дена од смртта на неговата ќерка.

Антисистемот ствара вакви родители кои пак ствараат убиец. Никогаш немаат вистински каење, а кои и после 9 дена не изразија сочуство… Ниту не исконтактираа…Ама затоа веднаш подметнуваат телефон во “Шутка”, за да се договараат како да го прикриваат делото – “Убиство” на син им !!!!!!!!! Подеднакво исто како што и претходните случаи со судијката ги прикривале, што ги прави соученици со кривична одговорност !!!!!!!!! Значи нема нити каење, ни станува збор за сочувство… Има само акција за да се изманипулира јавноста и стекнат симпатии од страна на родителите на убиецот“, напиша таткото на починатата Фросина на социјалните мрежи.
Мајката и таткото на возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, вчера на прес-конференција изразија сочувство поради смртта на младата девојка. Мајката на Васил, Ана Јованова во изјава за медиумите изнесе родителско сочувство, особено до мајката на Фросина бидејќи, како што вели, „само мајка може да разбере како ѝ е на другата мајка во ваква ситуација“.