Пратеничката Даниела Белимова од редовите на ЗНАМ денеска порача дека го прифаќаат секој предлог кој што е конструктивен за предлог-законот за пратениците во врска со патните трошоци, но, бараат да седнат на заедничка маса со останатите пратенички групи.
-Треба да договориме нешто што е реално и општо прифатливо, а не само да правиме популизам. Кога ќе седнеме на маса и ќе ги ставиме сите работи, тогаш ќе изнајдеме и решение, рече пратеничката во изјава од Собранието









