Нови огласи за вработување во јавната администрација – месечна нето плата до 41.821 денари

0
316

Врз основа на член 35 од Закон за административни („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21, 99/22 и 208/24) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 221/24), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/24) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 242/24), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 41/2025

за вработување на 3 државни службеници од група I, подгрупа I во Министерство за јавна администрација за следните работни места

. УПР0101Б03000 Помошник раководител на сектор за апликативно одржување на системите за организациска поддршка и развој на ресурсите во јавната администрација

 

(1) извршител(и)

Општи услови

– да е државјанин на Република Македонија,

– активно да го користи македонскиот јазик,

– да е полнолетен,

– да има општа здравствена способност за работното место,

– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Инженерство и технологија

– најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

Општи работни компетенции

 

– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг

– учење и развој

– комуникација

– остварување резултати

– работење со други/тимска работа

– стратешка свест

– ориентираност кон странките/засегнати страни

– раководење и

– финансиско управување

Посебни работни компетенции

 

– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

– потврда за положен испит за административно управување

– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време

– Работни денови понеделник-петок

– Работни часови неделно 40

– Работно време од 07:30 до 15:30

– Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

Паричен нето износ на плата: 41.821,00 Денари

2.УПР0101В04000 Помлад соработник за административна поддршка на меѓународна соработка, Одделение за интеграција во ЕУ меѓународна соработка, Сектор за интеграција во ЕУ и меѓународна соработка