Меџити: Мислам дека Груби постојано контактира со Ахмети

0
213

Вицепремиерот Изет Меџити во емисијата „Дијалог на Лајм” изјави дека неговиот претходник на функцијата, Артан Груби, кој е во бегство надвор од државата, е во постојан контакт со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и тоа, според него, се забележува од начинот на функционирањето на партијата и медиумите блиски до него.

Се зборува дека е во Албанија. Мислам дека е во постојан контакт со лидерот и раководството на ДУИ. Го гледам, сè уште се во неговото влијание. Тоа се гледа и во медиумите, и на порталите, и во соопштенијата. Тој замина, но последиците од него се очигледни и непоправливи – рече Меџити.