Пронајдени пари и мобилни телефони – претрес на возило со кое четворица затвореници се вратиле во „Идризово“

0
249

Затворската управа на „Идризово“ синоќа пријавила во СВР Скопје дека при претрес по влез на осудениците Н.А., Х.A., Л.И. и Ј.П. биле пронајдени пари и мобилни телефони.

Како што информира министерството за внатрешни работи (МВР), при извршен преглед во возилото со кое пристигнале овие осуденици, биле пронајдени марихуана и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.