Химната да има два текста, предлага Ибрахими од партијата на Гаши – еден за Македонците, еден за Албанците

0
222

Претседателот на партијата Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, смета дека заедно со промената на државниот грб, треба да се смени и државната химна, а тој предлага Македонија да биде првата земја во светот која ќе има химна со два текста, едниот за Македонците, а другиот за Албанците.

Еден од начините е химна без текст или да се направи друг текст кој ќе биде без етнички идентитет или каде што ќе бидат вклучени сите други етникуми и ќе може да се пее на кој било јазик од која било етничка припадност. Македонците, Албанците, Турците и другите можат да ја пеат на својот јазик. Постои уште една опција текстот да се адаптира и да биде погоден за сите други етникуми. За нас Албанците, мелодијата на химната не е толку проблематична, колку што е текстот на химната. Во духот на државната кохезија и во духот на добрата волја во Северна Македонија, мислам дека е во интерес на државата прашањето за химната да се дискутира во пакетот за грбот. Дали може да има два текста за химната? Не е исклучено ниту, каде Албанците ќе можат да имаат свој текст на химната”, рече Ибрахими во емисијата „Дијалог кај Лајм“.