Се чека претседателката Гордана Силјановска Давкова да ги потпише указите за отповикување на девет амбасадори, откако МНР ги известило дека се враќаат во државата. Тројца амбасадори се враќаат во земјата на половина од мандатот, а петмина по една година откако заминаа во мисија. Тие се отповикани поради непочитување на законот, односо дека се упатени во мисија од претходниот шеф на државата, Стево Пендаровски, без да ги презентираат амбасадорските тези пред собраниската Комисија за надворшена политика, за кое токму Собранието, со автентично толкување на Законот за МНР, утврди дека презентирањето на тезите во Собранието било задолжително, а не изборно. Како деветти амбасадор во земјата се амбасадорот при Советот на Европа, но поради редовен истек на мандатот.
МНР денеска со информацијата за враќање на деветте амбасадори, ги демантира наводите дека амбасадорите за завршувањето на мандатот биле информирани по електронска пошта. Од МНР притоа наведуваат дека комукацијата со дипломатско конзуларните претставништва се одвива исклучиво преку заштитен интерен систем.
Телма уште пред еден месец објави дека на половина од мандатот во земјава се враќаат амбасадорите од Бугарија, Белгија и Црна Гора, додека по само една година амбасадорување се враќаат амбасадорите од Босна и Херцеговина, Шведска, Чешката, Велика Британија и Постојната мисија при Меѓународните организации.









