Полицијата во Манхајм Германија не верува дека имало политички мотив зад инцидентот, кога автомобил влета во пешачка зона во центарот на градот, при што загинаа две лица.
“Во моментот, ние не претпоставуваме дека овој настан има политичка позадина”, се вели во соопштението на полицијата во покраината Баден-Виртемберг.
Се верува дека возачот на автомобилот, кој влегол во пешачката зона со голема брзина и убил две лица и повредил околу дваесет други, десет од нив сериозно, дејствувал сам.
“Полицијата работи на истрага за позадината на случајот”.
Осомничениот е 40-годишен германски државјанин од соседната покраина Рајнска област-Пфалц, а медиумите објавија дека тој имал проблеми со менталното здравје во минатото.
“Полицијата интензивно работи за да ја расветли позадината на овој случај”, рече министерот за внатрешни работи на Баден-Виртемберг Томас Стробл.
Тој не можел да потврди дали има врска помеѓу инцидентот и карневалот што се одржува во некои делови на Германија овие денови.
Според медиумските извештаи, осомничениот се застрелал себеси во главата со пиштол за време на неговото апсење и се повредил, поради што во моментов е на третман во болница.









