Со признавање на вина, започна судењето за убиството кај Мавровка на скопскиот бизнисмен, 59-годишниот Васил Ефтимов на 20 август минатата година. Обвинетиот Елвин Куртовиќ кој, всушност, издржувал казна затвор, но бил пуштен на викенд и не се вратил во „Идризово“ во дадениот рок изрази жалење за стореното и кажа пред судот дека неколку дена бил под дејство на кокаин.
„Воопшто не се чувствувам добро емотивно, но и психички. Многу се кајам за кривичното дело. Не сакав да го убијам човекот. Се случи несреќа. Бев под дејство на дроги неколку денови, навистина. Пред тоа лежев за некакви ситни дела во споредба со ова што сега одговарам. Многу ми е жал, тоа е се што имам да кажам“, изјави Елвин Куртовиќ.









