Мицкоски најави протести ако членовите на Судскиот совет на кои им беше изгласана недоверба не поднесат оставки

0
224

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вечерва најави дека ќе се случат протести ако членовите на Судскиот совет за кои беше изгласана недоверба во Собранието не си дадат оставки, а на тие протести тој ќе биде во првите редови.

„Ќе им се случи народ, ќе излезе народ на улица и ќе протестира, народот е гладен и жеден за правда. Замислете имате кај граѓаните помала доверба од два или три отсто, ве разрешуваат и вие не си заминувате, водите инает. Ќе им се случи народ, прв ќе застанам кој ќе го води народот, ветувам дека тоа ќе се случи“, истакна премиерот Мицкоски во гостување на Канал 5.

За тоа кој ќе ги замени, Мицкоски нагласи дека ќе се разговара, но едно е сигурно дека нема да биде исто, „нема да има вакви луѓе за кои има докази“.