ВИДЕО: СЕ ЗАПАЛИ АМЕРИКАНСКИ АВИОН, ПАТНИЦИ ПАНИЧНО БЕГААТ

0
278

Во денешниот инцидент со авион на „Американ Ерлајнс“, моторот на авионот се запалил по принудното слетување во Денвер, што ги принудило патниците да се евакуираат користејќи спасувачки тобогани. Се работи за лет 1006 кој летал од Колорадо Спрингс до Далас со авион Боинг 737-800.

Како што соопштија од Федералната управа за воздушен транспорт (FAA), авионот слетал безбедно, но патниците се евакуирале преку крилата поради густио дим што излегувал од моторот. Во еден драматичен момент, патниците биле видени како стојат на крилото на авионот, додека од моторот излегувал густ дим.

„Сите 172 патници и 6 членови на екипажот успеаја безбедно да го напуштат авионот, иако шест патници биле пренесени во локална болница за понатамошни проверки“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

FAA веќе започна истрага за инцидентот, кој бил предизвикан од вибрациите на моторот што ги пријавила посадата. Според податоците на FlightRadar24, авионот бил опремен со два мотора CFM56, произведени во соработка меѓу GE и Safran.