Бугарија се повлече од изградбата на Коридорот 8

0
266

Одлуката за повлекување на средствата од проектот железничка инфраструктура од Софија до бугарско – македонската граница е уште еден негативен пример како националните политики влијаат на транспортните политики и како се менуваат одлуките кои веќе се донесени за изградба на патната и железничката инфраструктура, вели за Телевизија 24 универзитетската професорка Верица Данческа.

Сега се доведува во прашање реализацијата на Коридорот 8 кој треба да овозможи поврзување на Црното со Јадранското море. Професорката Данческа смета дека официјална Софија треба да ја преиспита оваа одлука со образложение дека од овој проект бенефит ќе имаат сите земји од регионот.

24.mk