Човечки коски најдени во шахта во Илинден

0
274

Коски за кои се смета дека се човечки се пронајдени вчера во шахта во населбата Илинден кај Скопје, соопшти МВР.

„На 13.03.2025 во 10:43 часот во Полициското одделение Петровец, било пријавено дека при ископ на дупка за шахта во двор од амбулантата во населбата Илинден во близина на СКопје, која во моментот се реновира, биле пронајдени коски слични на човечки коски. Коските биле дадени во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, пишува во полициското соопштение.