Тошковски: Дискотеката немала легална лиценца за работа

0
344

Дискотеката во Кочани во која во пожар загинаа 59 луѓе и над 150 се повредени, работела со фалсификувана лиценца.

„Легална лиценца за работа оваа фирма нема. И оваа лиценца како и многу други работи е поврзана со мито корупција. Станува збор за нелегални лиценци издадени во 2024 година“ рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и нагласи дека одговорност мора да има и ќе има.

Во моментот на пожарот во дискотеката имало околу 500 луѓе. Идентификувани се најголем дел од жртвите.