ВО ТЕШКА СОСТОЈБА СЕ ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ПРЕНЕСЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА

0
225

Во тешка состојба се сите 8 повредени од пожарот во Кочани, кои што се пренесени на лекување во Бугарија.

Сите се во тешка состојба освен едно дете, кое е на педијатриска интензивна нега. Сите останати се на интензивна нега на клиниката за изгореници, односно детското одделение и одделението за возрасни и се во исклучително тешка состојба. Тројца од нив се интубирани, а за останатите се уште се прават проценки што да се прави. Повредите се изгореници на телото, горните екстремитети и лицето. Сите имаат изгореници со вдишување чад во горните и долните дишни патишта, што е многу сериозна состојба, изјави Валентин Димитров, директор на „Пирогов“, пренесе БНТ.