„Сакаме јасно да кажеме дека собирот не е откажан. Сите дезинформации што кружат се лажни и тенденциозни“ реагираат од Независниот студентски сојуз на УКИМ.
Претходно во текот на денот одредени медиуми објавија дека НСС го откажува утрешниот собир поради партиско мешање, но сега следи демант на таквите објави.
Како што велат од НСС, пленумот ќе се одржи како што е планирано, утре во 13 часот на платото на УКИМ.









