Работниците на втори април ќе излезат на улица, со цел да и укажат на владата дека не може да се одлучува еднострано кога станува збор за платите на работниците. Тие ќе одржат јавна седница пред Собранието, Стопанска комора и Владата со почеток во 12 часот и пет минути имајќи во предвид како што велат 5 до 12 одамна помилано, а 12 часот поминал тогаш кога владата одлучила еднострано да ја зголеми минималната плата.









