Албин Курти поднесе оставка на премиерската функција

0
629

Албин Курти поднесе оставка на функцијата премиер на Косово, објавија медиумите во Приштина. За одлуката на писмено го известил Секретаријатот на косовскиот парламент.

Според законот, оние кои добиваат мандат како пратеници, а во исто време извршуваат функции во владата, како премиер, заменик премиер, министер или заменик министер, мора да поднесатоставка на нивната владина позиција. Тоа е во рамки на правилата кои забрануваат да бидат пратеници и дел од извршната власт истовремено.

Денешната конститутивна седница на собранието на Косово беше прекината, откако не беше усвоен извештајот на комисијата за верификација на мандатите на пратениците. Седницата, на која пратениците требаше да положат заклетва и да изберат претседател на законодавниот дом, започна со еден час задоцнување, за набрзо потоа да биде дадена пауза за заверување на мандатите на пратениците во деветиот состав на косовскиот парламент.