Гужви на граничните премини кон Србија и Грција – се чека до 30 минути

0
224

И денеска на граничните премини кон Грција и Србија има гужва.

На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.