Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходни мерки и нормализирање на протокот.

„Според информации кои ги добиваме од домашните извозни компании, на косовската страна на границата се задржуваат камиони од РС Македонија, без соодветно образложение, предизвикувајќи економски штети и нарушување на трговската размена. Бидејќи се работи за прехранбени производи, кои мора да бидат во согласност со здравствените и безбедносни стандарди, протокот треба да биде без застој за да не се наруши континуитетот на домашните извозници, што може да предизвика и финансиски импликации“, соопшти Стопанската комора.
За таа цел, велат од таму, денеска ќе се реализра средба на претседателот на Стопанката Комора, Бранко Азески, со претседателот на косовската комора, Лулзим Рафуна, со цел да се најде решение и да се одблокира застојот, како би можеле камионите со македонски производи да бидат пласирани на крајната дестинација, во насока на поддршка на извозот како врвен приоритет за македонската економија.