Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка во Добридол

0
170

Малолетен пешак се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила попладнево во селото Добридол, општина Гостивар.

Несреќата била пријавена во 16:00 часот во Отсекот за внатрешни работи Гостивар. Според информациите од МВР, патничко возило марка сеат леон со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Б.К. од Добридол, удрило во малолетен пешак од истото село.

Пешакот со тешки повреди бил пренесен во Општата болница во Гостивар, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар, која работи на целосно расчистување на случајот.