Васил Јованов осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова

0
186

Основниот кривичен суд Скопје го осуди на 12 години казна затвор Васил Јованов кој на 29 јануари оваа година ја прегази Фросина Кулакова на булеварот Партизански одреди во центарот на Скопје.

Во образложението на одлуката судијката Снежана Марковска кажа дека при одлучувањето судот ги земал во предвид сите олеснувачки и отежнувачки околности кои биле причина за предизвикувањето на сообраќајната несреќа, како и последицата од несреќата, а тоа е смртта на оштетената Фросина Кулакова.

Дополнително, судот пресуди и на Јованов да му биде забрането управување со моторно возило, како и да ги надомести сите трошоци на кривичната постапка.

Исто така, судот ги упати оштетените, семејството на Фросина Кулакова своето оштетно побарување да го остварат во Граѓанскиот суд Скопје.

Обвинителот Александар Марковски побара продолжување на притворот, а самиот Јованов рече дека нема никакво барање по однос на барањето на обвинителот.

Суијката Снежана Марковска објави пауза за да може судот да одлучи дали ќе го прифати барањето на обвинителството да му биде продолжен притворот до правосилност на пресудата. Јованов има право на жалба но не за изречената казна затвор туку само за висината на казната односно 12 години затвор.

Ваквата пресуда доаѓа откако Јованов на претходното рочиште призна вина по што пред судот беа изнесени само доказите кои се однесуваат на висината на казната.