Во Приштина уапсен Дритон Ибиши – член на групата „Грчец“ кој се бара со меѓународна потерница

0
247

Вчера во Косово бил уапсен Дритон Ибиши, 52-годишен маж против кого имало активна меѓународна потерница и за кој се верува дека е дел од криминалната група од Грчец.

Како што објавија дел од косовските медиуми, а објавија медиумите на албански јазик во земјава, на Ибиши веќе му се ставени лисици и за ова е известен надлежниот обвинител. Во полицискиот извештај се наведува дека Ибиши бил фатен на автопатот Приштина-Феризај, околу 17:30 часот.

„Осомничениот маж, државјанин на Северна Македонија, по кого се распиша меѓународна потерница, е уапсен. Со одлука на обвинителот, осомничениот е приведен“, соопштиле од косовската полиција.

Во јануари минатата година, беше отворена истрага против 15 лица, меѓу кои и Дритон Ибиши. По месец дена откако беше сузбиена криминалната група, предводена од Шеваљ Муареми, инволвирана во недозволена трговија со дрога и убиства, ликот на Муареми осамна на сајтот на МВР во потрагите по исчезнати лица. Се бара со меѓународна потерница.

Групата е осомничена дека извршила меѓународен транспорт на кокаин – во два случаи во големи количини: првиот 435 килограми од Бразил, преку Белгија и пристигнал во Македонија, а вториот од Перу до Амстердам, влегол на домашниот пазар.

Додека Муареми бе надвор од земјава, тогаш екстрадиција беше побарана и за Ибиши, за кој пишуваше дека е во Каталонија, во притвор за друго кривично дело, како и за заменикот на Шеваљ кој раководел со групата во земјава, Мухамед Далипи викан Руди, кој е во Хрватска.