Таравари му одговори на Мицксоки: Ова се тешки денови за Владата, очекувано е да има клевети

0
236

Крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари излезе со првото соопштение откако ја напушти владеачката коалицијата. Оттаму велат дека будно ги следеле вчерашните критики од нивниот довчерашен коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ. Според АА, за очекување било во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, да има клевети од апсурден вид, во целосно отсуство на политички аргументи.

Смирено сме фокусирани на нашата работа кон oктомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО која во моментов има доволно маки. Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани, а можеби тоа е незамисливо за некои партии на власт. Алијансата за Албанците е на добар пат и во своите најдобри денови, тврдат од едното крило на АА.