ВИДЕО: Косовската полиција нападна српски матурант кој славеше на улиците во Косовска Митровица

0
524

Денеска во Косовска Митровица се случи инцидент кога косовските полицајци опколија српски матурант во центарот на градот. Еден од полицајците фатил за врат еден матурант а на вратот на младиот човек биле видливи траги од крв. Дипломецот бил спасен од понатамошно малтретирање од страна на граѓани и професори, објавија српските медиуми.

Како што тврдат Србите на Косово реакции следеа од блиското кафуле, кога еден од гостите го покажа симболот на орел и голема Албанија, а матурантите одговорија со покажување на среден прст.

Потоа косовскиот полицаец истрчал кај дипломците и го извлекол младиот човек од групата, кого подоцна го малтретирал пред други граѓани, како и пред колега кој се обидувал да ја смири ситуацијата.