СДСМ: Нов скандал на Тошковски-Тендер од 4 милиони евра за фирми со само 2 вработени, основани пред тендерот

0
218

Од СДСМ пак денеска објавија соминтелен случај во Министерството за внатрешни работи вреден речиси 4 милиони евра, кој според СДСМ ги носи сите обележја на скандалозните тендерски мрежи на ВМРО-ДПМНЕ.

Системска корупција ја јаде земјата. Се е бизнис интерес, на мала група луѓе околу центрите на моќ на ВМРО-ДПМНЕ. На поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ полека им станува јасно. Нема ништо од гордоста, нема ништо од националните интереси, лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ бил само за лично богатење на поединци. Додека тие се удираат в гради нивните шефови се богатат. Денеска објавуваме нов скандал во Министерството за внатрешни работи водено од Панче Тошковски. Нов сомнителен случај вреден речиси 4 милиони евра, кој ги носи сите обележја на скандалозните тендерски мрежи на ВМРО-ДПМНЕ“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.