Судијата од Апелациониот суд Енвер Беџети по шест месеци откако се најде на црната листа на САД заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби е разрешен и суспендиран од судиската функција, објави Слободен печат.
Ова се неофицијални информации затоа што постапката што се води пред Судскиот совет е тајна и никој оттаму не потврдува.
– Барање за утврдување на одговорност на судија донесе одлука за разрешување на судијата од вршење на судиската функција, и одлука за времено оддалечување до правосилно завршување на постапката – се вели во соопштението од Судски совет.
Откако беше ставен на црната листа Судскиот совет повторо отвори предмет за него, но постапува и Јавното обвинителство. Според тогашното соопштение од Стејт департментот беа посочени дека земале мито при одлучување за предмет за Мијалков.
– Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Македонија и Контраразузнавање (УБК). Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби – стоеше во одлуката на Стејт департментот.









