Досегашниот директор на Центарот за упрaвување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, доаѓа на чело на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Владата го назначила Ангелов на оваа функција на местото на Џеват Селами од „Вреди“, кој е во домашен притвор како осомничен за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, во кој имаше 62 жртви.
Од ЦУК за „СДК.мк“ потврдуваат дека Ангелов ќе ја преземе директорската функција во Дирекцијата за заштита и спасување.
За директор на Центарот за управување со кризи ќе биде поставен кадар на „Вреди“, пишува порталот.









